Македонија
СДСМ: ДПМНЕ ги бранеше министрите на Таравари но немаше став, не ги бранеше и не гласаше за своите министри

ДПМНЕ е партија на феномени во светски рамки со целосно загубен политички компас. Кога требаше да гласаат за своите министри во техничката влада, не ги гласаа, не ги бранеа. Целата дискусија во македонското Собрание за изборот на техничката Влада помина со еден говор на еден пратеник и заврши за само некој час. Но затоа пратениците на ДПМНЕ вчера ревносно ги бранеа министрите на Таравари кои беа разрешени. Зошто ДПМНЕ за своите министри не кажа ниту збор?, се вели во соопштението од СДСМ.
ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат на државата, а нема став која е алтернативата, без членство во ЕУ. ДПМНЕ се противеше на Францускиот предлог, на пратениците на ДПМНЕ немаа став, па не гласаа кога овој предлог, беше ставен на гласање во Собранието. Ширеа лаги и сееја став меѓу граѓаните за асимилација и бугаризација, за губење на македонскиот јазик, а, како што се без став, не гласаа во парламентот за договорот Фронтекс. Не сакаа во техничка влада, па и се придружија. Предложија свои министри, па не ги гласаа. ДПМНЕ е политички феномен, се вели во соопштението од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.
Македонија
Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.