Македонија
СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3-програмата поради корупцијата на ДПМНЕ
„Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската ИПАРД 3 програма, поради корупцијата на ДПМНЕ. Десет дена власта молчи за оваа одлука. Причина: злоупотребите на европските пари од страна на власта, за кои директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од редовите на ДПМНЕ беше уапсен“, велат од СДСМ.
„Но, случајот мора целосно да се расчисти и сите инволвирани да одговараат, особено лицата блиски до Мицкоски. И Мицкоски треба да одговара за ваков скандал.
Дали се сеќававте кога изби скандалот како ДПМНЕ и кујните за лаги го обвинуваа претседателот Филипче за ова, како објавуваа лаги за Заев кој е во политичка пензија 5 години, за Николовски?
Дали сега на сите им е јасна улогата на фабриката за лаги на ДПМНЕ?
Токму она што говори СДСМ и постојано го разоткирва: дека нападите кон опозицијата, кон СДСМ, претседателот Филипче служат за дефокусирање од темите, како оваа дека ДПМНЕ се фатени во корупцијата и криминал со ИПАРД.
И токму поради корупцијата на ДПМНЕ сега е зададен силен удар врз развојот на земјоделството. Земјоделците и агробизнисмените кои планирале или веќе реализираат инвестиции, сега ќе останат и без пари и без инвестиции, поради корупцијата на ДПМНЕ.
Скандалот со ИПАРД 3 програмата, вредна 130 милиони евра, не е изолиран случај, туку дел од поширокиот криминален модел на ДПМНЕ.
Ова е потврда на она што СДСМ цело време го говори. Корупцијата на ДПМНЕ метастазираше во секоја пора од општеството.
На ДПМНЕ им се важни нивните тендери: 161 тендер за 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за една фирма со двајца вработени. Нив воопшто не ги интересираат земјоделците туку крминалните тендери.
СДСМ бара брза, темелна и транспаретна истрага, сите инволвирани во овој огромен корупциски стандард мора да одговараат“, соопштуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

