Македонија
СДСМ: Зад вчерашните протести на кои се навредуваа доктори и новинари стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица
СДСМ најостро ги осудува вчерашните протести, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите, велат од владејачката партија.
Од таму сметаат дека вчерашниот протест против новите мерки кои стапуваат на сила од денеска бил срамен настан и претставувал загрозување на здравјето на граѓаните.

„Организацијата на протестите во повеќе градови, иконографијата идентична со опозициските митинзи, политичките пораки против актуелни министри, како и евидентно присутните членови и симпатизери на две политички партии покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Секако поддржани од Бојкотирам“, псочуваат од СДСМ од каде додаваат дека со овој начин на делување, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

Од владејачката партија им порачуваат на граѓаните дека лажните информации со кои некој упорно сака да ги одврати од вакцинацијата предизвикуваат директна штета врз нивното здраве.
„Масовната вакцинација е единствен начин за да се заштитите, да го заштитите вашето, но и јавното здравје“, нагласуваат од СДСМ и апелираат граѓаните кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

