Македонија
СДСМ за обвинението против Јанушев: „Нема промена во криминалната ВМРО-ДПМНЕ“
Никаков нов концепт, никакви нови политики не може да понуди Христијан Мицкоски. Тој е опкружен со лица од режимот, лица кои се во судир со законите, изјави Стефан Васев од СДСМ, откако вчера беше покренато обвинение против Игор Јанушев – сегашен пратеник од редовите на опозициската партија.
Против Јанушев е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба при набавката на кинеските автобуси.
„Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и кои се наоѓаат пред судовите. Да потсетиме за истото кривично дело злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, човек за кого има и пресуди од германски судови. Криминал, деструкција, лажни вести и блокади, тоа е сè што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и ништо друго, но бегање од правдата нема, секој што се огрешил пред законите мора да сноси одговорност“, рече Васев.
Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ можат да се пребојуваат со сите бои, но тоа нема да го сокрие фактот дека во партијата нема никаква промена.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се соочат со нов пораз на претстојните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

