Македонија
СДСМ: За 100 дена градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираа само 1.000 лаги
Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за првите 100 дена реализираа 1.000 лаги. 100 дена беа доволни за да се покаже целата неспособност на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Партизација на општините, оправдувања за неработа, трошење пари на непродуктивни трошоци како чоколади, мобилни телефони и очила за сонце од неколку илјади евра.
Христијан Мицкоски отчет треба да даде признанијата за ,,Титаник” а потоа и да се повлече од политиката.
Од СДСМ истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски знаат само за блокади и деструкции, нивниот најнов проект е блокада на Законот со кој за 27.000 наставници се обезбедуваат поголеми плати а за 4.700 трајни вработувања.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се грижат единствено за своите и за партиските интереси и дејствуваат на штета на интересите на граѓаните, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари, инвестираме во нова градинка во Центар
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.
„Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски.
Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на општината.
Покрај директната финансиска поддршка, мерката овозможува и прецизна евиденција на бројот на новородени деца на годишно ниво, што претставува основа за следење на демографските движења во општината. Овие податоци се користат и за поефикасно планирање на капацитетите во детските градинки во Центар.
Дополнително, предвидени се капитални средства за изградба на нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар, со капацитет за згрижување на околу 100 деца.
Во рамки на социјалните мерки, Општина Центар ја зголеми и еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања, од 2.500 на 5.000 денари.
Истовремено, во тек се подготовки за изградба на дом за стари лица на територијата на Општина Центар.
Фото: Depositphotos
Македонија
Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет
Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ денеска, во Охридската сала на Собранието, дадoa свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Јошевска-Анастасовска е адвокатка од Скопје со повеќегодишно искуство од областа на Кривичното право.

Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН, како и на универзитетот МИТ.

Тие беа избрани на предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Предлозите на претседателката доаѓаат по усвојувањето на новиот Закон за Судски совет кон крајот на минатата година, кој ги заостри условите и процедурата за избор на членови на ова тело.
Судскиот совет брои 15 члена, од кои осум избираат активните судии, двајца се членови по функција (претседателот на Врховниот суд и министерот за правда – без право на глас), тројца избира Собранието, а двајца се избираат во Собранието по предлог на претседателот на државата. Се смета за клучен орган во судскиот систем на земјата, одговорен за избор и разрешување на судиите и претседателите на судови и за оценка на нивната работа.
Македонија
(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања
Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
„Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија. Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи. СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ“, рече Фрчкоски.
Тој додава дека најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој, според него, има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.
„Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин. Паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања. Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори. Не се спроведуваат никакви реформи, владата води анти-ЕУ и анти-американска политика, ја води Македонија кон целосна изолација. Паника е голема. САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само први чекори што ги гледаме. Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции. СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи наши стратешки пријатели се САД а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ“, рече Фрчкоски.

