Македонија
СДСМ: На 324.000 пензионери пензиите им се зголемени за 722 денара
Обезбедивме 324.000 пензионери од почетокот на 2020 година да добијат покачување на пензиите за 722 денара, велат од СДСМ преку соопштение.
Од партијата најавуваат дека до крајот на годината пензиите ќе пораснат до 900 денари и ќе се зголемуваат заедно со растот на економијата, покачувањето на минималната и на просечната плата.
„Сега просечната пензија изнесува 15.500 денари и е зголемена 1.746 денари во однос на 2016 година кога беше 13.754 денари.
Зголемувањето на пензиите не се финансира со задолжувања, како што тоа паушално го правеше претходната власт, туку е резултат на домаќинското работење на СДСМ и спроведувањето на пензиската реформа.
СДСМ успеа да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 3 милијарди денари. Истовремено, приходите во фондот се зголемени 10 проценти.
СДСМ се грижи за сите граѓани и го враќа достоинството на луѓето што ја градеа оваа држава и го трасираа патот за младите.
По 12 април, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети“, велат од СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

