Македонија
СДСМ: Истрагата на Онкологија ја водат надлежни институции, ДПМНЕ само попречува
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/sdsm-zgrada-1-366121.jpg)
„Истрагата за грозоморниот случај на Онкологија ја водат надлежни институции. Министерството за внатрешни работи и Обвинителството првпат во 20 години влегоа на Онкологија и почна расчистување.
ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни а со своето делување се обидува да и наштети на целата постапка.
Истрагата не смее да бидат предмет на политички манипулации, но толкав е капацитетот на ДПМНЕ.
Наместо да ја поздрави истрагата, само попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност.
Тоа потврдува дека Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата, за се што се правело на Онкологија со грозоморната шема воспоставена пред многу години“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
„Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/zaev-filipce.jpg)
„Венко Филипче со 9 илјади гласови, колку се потребни за советник во општина стана лидер на СДС. Еден Заев се замени со друг Филипче. Тажен завршеток на сагата за нов лидер, со стари навики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев. Човекот е одговорен за погромот со Ковидот, каде десетици илјади луѓе ги загубија животите, директно одговорен за матните тендери каде референцата за избор емаил контакт на Жути кој доби милиони од стерилизацијата, или неговата хациенда на Водно веднаш до директорот на Клинички или пак модуларната болница за која Филипче не убедуваше дека кабелот е виновен.
Филипче е најдобрата маска на Заев. Исти луѓе исти вредности.
Ако мисли дека Филипче дека ќе се спаси, и кога ќе одговара за криминалите ќе вика дека е политички реваншизам овој пат тоа е најпогрешниот начин да избега од одговорност. Одговорност ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Сончево и многу топло, во текот на ноќта невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/Ohrid-meteo-sonce.png)
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Денеска преку денот ќе се задржи сончево и многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.
Скопје
Без вода дел од Гази Баба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/voda-6.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека денеска без вода ќе бидат улици во општината Гази Баба.
• Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, на улицата 16-та Македонска Бригада бб (Парк Шума Гази Баба), од 08:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев во општина Гази Баба.