Македонија
СДСМ и ДУИ го блокираат и го девалвираат Собранието, обвинува опозицијата
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и ДУИ го блокираат Собранието.
Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициските партии го претвориле законодавниот дом во партиска алатка за нивните интереси.
„СДСМ и ДУИ кршат деловнички и уставни норми кога ќе им текне и потоа со манипулативни соопштенија обвинуваат други. Седум месеци нема пратенички прашања, што значи дека СДСМ и ДУИ ја суспендираа клучната собраниска алатка за контрола на Владата. Дополнително, СДСМ и ДУИ блокираат донесување декларација за Гоце Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. СДСМ и ДУИ исто така се обидуваат шверцерски да протуркаат измена на Законот за наставниците, со кој се овозможува партизација на образованието преку вработување наставници на неопределено време, без приправнички стаж. Да не зборуваме огромниот број злоупотреби на европското знаменце за закони што немаат никаква врска со европската регулатива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Се додава дека вчера на четири минути пред почетокот на пленарната седница владејачките партии вметнале точка за разрешување пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата. Патем, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ова го направиле прекршувајќи деловнички и уставни норми и без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

