Македонија
СДСМ и ЦДУ потпишаа меморандум за соработка
Денес во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Централна Демократска Унија, Рикардо Сали.
Со потпишувањето на меморандумот за соработка, како што беше посочено, СДСМ и ЦДУ заеднички ќе работат на креирање политики и спроведување мерки кои се од интерес на граѓаните и исполнување на стратешката цел – членството на Северна Македонија во ЕУ.
Воедно, со потпишувањето на меморандумот, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните, се потврдува соработката помеѓу СДСМ и ЦДУ која има за цел обезбедување на европски стандарди и креирање и спроведување одржливи јавни политики со кои ќе се обезбеди просперитет за граѓаните и државата.
СДСМ и Коалицијата за европска Македонија се залагаат и активно придонесуваат кон развиена и европска држава. Европскиот пат е единствениот пат кој може да донесе промена во Северна Македонија и да ја претвори надежта во реалност, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

