Македонија
СДСМ: Медарите од ДПМНЕ се неспособни, една година градоначалниците од оваа партија не работат ништо
„Една година изминува од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ а освен што сакаат да бидат медари, ништо друго не сработеа за граѓаните. Наместо пред избирачите, тие даваа отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски, кој се докажа како шпицен градоначалник“ соопштуваат од владејачката СДСМ.
Од партијата велат дека „нема нови проекти, а дури и оние проекти наследени од претходниците од СДСМ, намерно се одолговлекуваат или се прекинати“.
„Во време на светска економска и енергетска криза, наместо мерки за помош, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ парите ги трошат на непродуктивни трошоци, а преку директорите на јавните претпријатија удрија по џебот на граѓаните, зголемувајќи ги цените на комуналните услуги. Јасно е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ мислат единствено на личните и бизнис интереси и воопшто не се грижат за потребите на граѓаните“ велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

