Македонија
СДСМ: Мицкоски бега од лидерска
Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да ѝ наштети на државата. Мицкоски бега од лидерска, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„Има забелешки за пописот, а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ, кое не сака земјава рамномерно да се развива. Мицкоски е против правдата. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за Законот за Јавното обвинителство“, велат од СДСМ.
Владејачката партија додава дека Мицкоски со половина уста барал предвремени избори, но не сакал да зборува за подобрување на Изборниот законик затоа што знае дека ќе ги загуби.
„СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат. Одбраната на криминалот на Никола Груевски нема да успее. Напредокот ќе продолжи, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, додава СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

