Македонија
СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните за сите лаги
Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за сите лаги што хистерично ги ширеше изминатиот период помогнат од неговиот проруски партнер Димитар Апасиев, пишува СДСМ преку соопштение.
„Како предводник на антиевроската коалиција го лажеше народот дека претстои асимилација, бугаризација, дека некој ќе ни го земе идентитетот, дека јазикот не ни е заштитен, хушкаше и клеветеше.
Сите невистини му потонаа. Поразени се деструкциите и антиевропските делувања на Мицкоски. Не му успеаја опасните сценарија за дестабилизација на државата и предизвикување етнички конфликти, не успеа да го блокира европскиот пат на државата.
Република Северна Македонија ги почна преговорите за членство во Европската Унија, со заштитен јазик, идентитет, култура. Во ЕУ влегуваме како Македонци, со македонски јазик, со чиста формулација без фусноти и ѕвездички.
Европската иднина на државата и на граѓаните е обезбедена“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

