Македонија
СДСМ: Мицкоски е очаен да ја спаси партиската фотелјата, Јанушев го чека соочување со правдата
„Денеска јавноста сведочеше на уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски преку таканаречен протест да си ја спаси фотелјата во белиот дворец. Граѓаните одамна го прочитаа лицемерниот однос на Мицкоски и затоа на протестите што тој ги организира има сè помалку луѓе, а како што се гледа и сè помалку автомобили“, соопшти СДСМ.
Според партијата, граѓаните многу добро знаат дека токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 100 ја покачија цената на електричната енергија и ја укинаа евтината тарифа.
„Тоа го покажуваат и официјалните податоци за цената на киловат електрична енергија, која, во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта изнесувала 2.62 денари по киловат час во скапа и 1,31 денари по киловат час во евтина тарифа. Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 5,54 денари и не постои евтина тарифа.
Со доаѓањето на СДСМ, со одговорно работење, просечно македонско домаќинство има помали сметки, односно заштедува над 300 денари месечно само со враќање на евтината тарифа.
Тоа се фактите од кои не можат да побегнат очајните Мицкоски и Игор Јанушев, кои знаат само да бранат криминал и да шират лажни вести. Наместо да се расфрла со квалификации и да бара оставки од независни институции, Јанушев треба да се соочи со предметот што се води против него каде постојат основани сомненија дека тој како директор на ЈСП Скопје преку злоупотреба на службена положба го оштетил буџетот за 5 милиони евра.Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв и на Јанушев и на Мицкоски и неговите приврзаници“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

