Македонија
СДСМ: Мицкоски е тој што шајка нема заковано во животот, знае само да шири лажни вести
																								
												
												
											Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица непрекинато води хајка против стратешкиот проект за изградба на делниците од коридорите 8 и 10д, реагира СДСМ.
Од партијата велат дека Мицкоски е тој што нема заковано шајка во животот, кој не знае ни што е градба, ни што е изградба, кој последен претставник на црвената буржоазија, затоа што цела кариера ја има изградено поради неговиот татко каде прво бил асистент, а потоа и вработен.
„Мицкоски знае само за спинови и лажни вести, за друго ништо не знае, ниту го бива, тој е непознавач на економијата, на политиката, на енергетиката.
Се што ќе фатат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е погрешно и осудено на неуспех.
Го гледавме тоа во времето на 11 годишното владеење на централно, но го гледаме и денес со владеењето на локално ниво, во Скопје и во општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден проект од најавените од страна на Мицкоски.
Како функционира ВМРО-ДПМНЕ се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните.
Без разлика на хистеријата што ја шират ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ние нема да дозволиме нови паушални,скандалозни постапки и процеси на градби кои траат 10 години како што тоа е автопатот Кичево – Охрид“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

