Македонија
СДСМ: Мицкоски нека си ги пакува куферите по седмиот изборен пораз по ред
Ако некој треба да ги спакува куферите и да се збогува со политиката, тоа е Христијан Мицкоски, докажан губитник на повеќе различни изборни циклуси, порача владејачкиот СДСМ преку соопштение.
„Шест пати по ред Мицкоски губи во директно соочување со граѓаните.
Бидејќи шест пати досега губи и народот му вели НЕ, а тој ниту еднаш не се спакува да си оди од политиката, сега на седмиот изборен пораз, нека спакува 7 куфери за среќа, затоа што многу ќе му треба. По овој седми по ред лото-пораз од граѓаните веројатно веќе нема да го примат ниту во Белиот дворец.
Во 2017 Мицкоски како носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје загуби убедливо на локалните избори.
Во 2018 беше поразен на референдумот.
Во 2019 на претседателските избори Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните
И на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село, истата 2019 година Мицкоски беше поразен.
Во 2020 Мицкоски прво ги загуби парламентарните избори на 15 јули.
Потоа и предвремените локални избори во Штип на 13 декември ги загуби Мицкоски.
Тоа е досегашниот учинок на докажаниот губитник Мицкоски кого го очекува нов, седми лото-пораз по кој дефинитивно ќе мора да си ги спакува куферите“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

