Македонија
СДСМ: Мицкоски не се огради од криминалните политики, туку делува како нивен заштитник

ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата пред колапс заради лично криминално богатење на Никола Груевски и фамилијата. Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од таквото расипничко однесување на ВМРО -ДПМНЕ и ја поставува економијата на здрави реални основи, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, Христијан Мицкоски не се огради од криминалните политики, туку делува како нивен заштитник. „Дали Мицкоски, кој ги чинеше граѓаните речиси 2 милиони денари, го советуваше Никола Груевски за дил ориентед зделки како што е промашениот проект со кинеската компанија за автопатот Кичево-Охрид? Огромните штети што ги предизвика нивното криминално владеење се рефлектираат со пад во нискоградбата. Но, Владата е подготвена и веќе презеде мерки за надминување и на овој проблем што го наследи од ВМРО-ДПМНЕ. Економијата се опоравува, се работи на реални проекти кои даваат објективни и одржливи резултати. Затоа извозот има раст од 14.3 споредено со истиот период од 2017 година. Затоа влезот на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годинава е најголем во споредба со 12 години наназад“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемен интензитет на сообраќај поради летните одмори

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на граничните преминиод македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија.
Во раните утрински часови, на 26.08.2025 година, при вршење на редовна царинска контрола на патничко моторно возило Mercedes со македонски регистарски таблички, со кое патувало семејство што изјавило дека се враќа од одмор во Турција и преку Грција пристигнало на влез во нашата земја, од страна на царинските службеници биле откриени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF со вкупна вредност од 16.058,00 евра.
Препаратите биле сокриени на повеќе места во возилото – во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта. Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана .
Стоката е задржана, возилото со кое била транспортирана е одземено, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување.
Македонија
Претежно сончево и топло со температури до 36 степени

Времето денеска, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.