Македонија
СДСМ: Мицкоски со невистини ја поткопува истрагата за Онкологија
Христијан Мицкоски со континуирано изнесување невистини ја поткопува и загрозува истрагата за Онкологија. Ако Мицкоски навистина има докази треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство. Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија, а прикривање докази е кривично дело, се вели во соопштението од СДСМ.
Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и се наметнува прашањето која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата и да заштити некој од инволвираните во случајот, додаваат од оваа партија.
– После 20 години, гласини и индиции за прв пат во време на СДСМ, институции влегоа и направија акција за расчистување. Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За Шарл Мишел е разочарувачки што Давкова не кажала Северна Македонија за време на заклетвата
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека е многу разочарувачки што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, не го употребила уставното име на државата при денешната свечена заклетва.
„Многу е разочарувачки што новиот претседател на Северна Македонија не го употреби уставното име на државата при денешната свечена заклетва. ЕУ потсетува на важноста од континуирано спроведување на правно обврзувачките договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција“, напиша Мишел на социјалната мрежа „Икс“, кој претходно во друг пост упати честитка до Давкова и нагласи дека иднината на Северна Македонија и Западен Балкан е во ЕУ.
Very disappointing that the new President of North Macedonia @gogamkd did not use the constitutional name of the country during today’s oath ceremony.
The EU recalls the importance of continued implementation of legally binding agreements, including Prespa agreement with Greece.— Charles Michel (@CharlesMichel) May 12, 2024
Слична беше и реакцијата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која преку објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.
Претходно денес, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, положи заклетва за претседател во која го употреби името Македонија, што предизвика реакции во Грција, а грчката амбасадорка демонстративно ја напушти пленарната сала во Собранието. Грчкото МНР излезе со остра реакција, коментирајќи дека се прекршува договорот од Преспа.
Македонија
Наследникот на Ципрас во СИРИЗА: Зошто Мицотакис моли да се почитува преспанскиот, а претходно велеше дека е предавнички
Стефанос Каселакис – претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА, кој дојде на местото на Алексис Ципрас реагираше откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја нарече земјата Македонија, за време на свечената заклетва.
Каселакис по тој повод повика на почитување на договорот.
„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, порача Каселакис, пренесе „Прототема“.
Истовремено тој го искритикува грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, зошто сега вели дека Договорот од Преспа треба да се почитува, а претходно тврдеше дека е предавнички.
„Зошто грчката амбасадорка ја напушти салата на заклетвата на новата претседателка на Северна Македонија, која ја нарече својата земја со уставното име што го имаше пред Договорот од Преспа? Зошто Кирјакос Мицотакис моли за почитување на Договорот од Преспа? На крајот на краиштата, нели беше предавнички? Премиерот вели дека не му се допаднал Договорот, но државата има континуитет и затоа мора да се почитува“ Не, господине Мицотакис. Никогаш не молите ништо што е негативно за вашата земја да се почитува. Или го сметате за корисен договор за Грција и се држите до него, или го сметате за лош договор и одите кај вашите истомисленици и го поништувате“, рече тој.
Како што додаде, историската вистина понекогаш бавно се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите и вистински патриоти.
Грчката влада предводена од СИРИЗА заедно со Владата предводена од СДСМ во 2018 година го потпиша Преспанскиот договор. Двете партии во тоа време ги предводеа Алексис Ципрас и Зоран Заев. Потоа СИРИЗА ги загуби изборите во Грција, а по кампањата на Мицотакис дека договорот со новото име е штетен за Грција.
Македонија
Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова
Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.
По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, двајцата остварија тет-а-тет средба.
Пендаровски и Силјановска го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава.