Македонија
СДСМ: Младите знаат дека зад маската на Мицкоски се крие Груевски
„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ ниту пак кај Христијан Мицкоски. Лаги, манипулации, лицемерен патриотизам, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ.Токму поради ВМРО-ДПМНЕ над 600 илјади млади се иселија. Токму поради режимот на Груевски младите беа под притисок, нашата држава беше изолирана и без извесна европска иднина, граѓаните осиромашуваа, економијата тонеше, а наместо правда имаше неправда“, се вели во реакцијата на СДСМ на говорот на Христијан Мицкоски.
Според партијата, младите не сакаат обнова на режимот, изолација, неизвесност, несигурност, враќање назад
„Младите се за напредокот, интеграцијата, сигурноста и стабилноста што ги донесе СДСМ.
Благодарение на вистинските младински политики, младите денеска се партнери во нивното креирање.Нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработија 1.839 млади лица а дополнителни 4.100 млади добија можност за доедукација.
За само две и пол години отворени се 54.000 нови работни места а од нив 54 отсто се вработени млади.Преку младинската европска картичка, младите имаат низа поволности и можности во повеќе дејности, како угостоителство, транспорт, културни и спортски настани.
424 млади земјоделци добија грантови од 10 илјади евра за инвестиции во земјоделството и вложивме над 34 милиони денари во подобрување на ИТ вештините кај младите.
За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура.Младите знаат. Зад маската на Мицкоски се крие вистинскиот Никола Груевски. Младите не сакаат обнова на режимот и затоа на 12 април гласно ќе изберат напредок, сигурност, стабилна иднина во НАТО и ЕУ што ги нуди СДСМ“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

