Македонија
СДСМ: Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени
Следува ред, правда и дисциплина на сите нивоа, а судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.
Од партијата истакнуваат дека приоритет на Владата е градење силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата и ќе гарантира независен правосуден систем.
„Судиите кои намерно застаруваат предмети по автоматизам ќе бидат разрешувани, предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал со цел да застари предметот, тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам“, велат од СДСМ.
Како што додаваат, ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции, како и отчетност и транспарентност на службите, СДСМ нагласува дека се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и судската власт.
„Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат правда и конечно да почне да се применува законот за сите подеднакво. Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница“, додава СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз ќе го спореди својот изборен неуспех.
„Денес е нов ден за Македонија, ден кога јавноста е во очекување – со што ќе го споредат од СДС својот изборен успех. Можеби со 1993 година во Македонија, или со некоја африканска земја и нивните искуства,“ се наведува во соопштението.
Од партијата порачаа дека социјалдемократите треба да се освестат, сконцентрираат и приберат, додавајќи дека нивните обиди да прикажат историски подвизи се плод на халуцинации и специфична психолошка состојба.
Македонија
Денес сончево време со температура до 24 степени
Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Македонија
Ноќва почнува зимското сметање на времето
Ноќва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад.
Со тоа, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

