Македонија
СДСМ: Неспособните градоначалници на ДПМНЕ го вратија Скопје 60 години назад
Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија, нечист и нефункционален град, кој се уназадува наместо да напредува, обвинуваат од СДСМ.
– Ниту „м“ од модерно Скопје како што ветуваа пред скопјани кога ја бараа довербата. Неспособните градоначалници на ДПМНЕ го вратија Скопје назад за 60 години. Довербата којашто скопјани им ја дадоа на Мицкоски, ДПМНЕ и нивните градоначалници, ја изневерија целосно. Хаосот во Скопје потврди, глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека проблемот не е само сметот и нечистотијата, туку дека не функционира ниту јавниот превоз во Скопје.
– Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен превоз, за модерен транспорт, фабрика за автобуси не се остварија. Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени, се наведува во соопштението на СДСМ.
„Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје, а помеѓу нив и Орце Ѓорѓиевски се дел од проблемот во градот и ниту еден од нив не може да побегне од одговорноста за хаосот што го направија“, додаваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

