Македонија
СДСМ: Не постои доволно голем транспарент што ќе го покрие срамот на ВМРО-ДПМНЕ
Барањето на неуспешната кандидатка за преседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, јавниот обвинител за организиран криминал да биде предлог на опозицијата, потврдува дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека остануваат опозиција и затоа бараат обвинител на нивен предлог, соопшти СДСМ.
Според партијата, на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски единствена цел им се предметите и истрагите што се водат против фунцкионерите на опозициската партија да ги снема и ниту едно обвинителство да нема надлежност врз предметите на СЈО.
„Затоа се против законот за Јавното обвинителство, затоа ја опструираат правдата, во надеж дека обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ ќе се спасат од одговорност. Тој филм Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го гледаат. Право и правда ќе има, обидите на обвинетите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се спасат од правдата и да го попречат европскиот пат на земјата се осудени на неуспех.
Не постои доволно голем транспарент со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покрие сопствениот криминал и срам. Ништо не го скрива фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против правдата, против интересите на граѓаните. Истовремено, обвинетото лице Антонио Милошоски да не прави циркуси за кои знаеме дека е талент и да не го свртува вниманието на јавноста со евтини финти. Наместо да ја попречува правдата како еден од осомничените во случаите за сериозно кршење на законите, Милошоски треба редовно да се јавува на суд исто онака како што е редовен во правењето театар за прашања клучни за иднината на државата“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

