Македонија
СДСМ: Николоски нема ниту еден нов започнат проект во првите 100 дена Влада

„Во првите 100 дена од мандатот на владата на Мицкоски и ДПМНЕ нема ниту еден нов започнат проект. ВМРО-ДПМНЕ единствено работи на проектите кои ги наследи од СДСМ, ниту започна ниту заврши голем проект“, реагира СДСМ.
„Оставивме два експресни патишта со над 90% прогрес за кои ДПМНЕ блокираше Закони во Собрание а сега сеуште не може се уште да ги заврши. Оставивме завршени со изградба социјални стабени згради во Кочани, Велес, Бутел и Дебар кои треба само да се сликаат и да ги распределат. Оставивме проекти во делот на водоводите и канализациони системи во Струмица, Кичево, Штип.
Николоски потврди дека нема 100 милиони евра за општините оваа година, продолжуваат единствено проектите во општините започнати од СДСМ.
Единствено што направи Николоски беше промовирањето на трет мобилен оператот од Унгарија, и кредит од 500 милиони евра. Потсетуваме дека кредитот за поврзување на локални патишта кои две години ДПМНЕ го блокираше во собранието беше земен со под 1 % камата за разлика од сегашните 3,2%. Ова се фактите.
Но најчудно на денешната прес конференција на Николоски е што ја молеше Бугарија, откако се искара. Го стопираше проектот за железничка пруга, а сега бара од Бугарија заедничка градба на истиот. Очигледно, Николоски ниту има резултат ниту знае каде тера“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.