Македонија
СДСМ: Ниту еден т.н. протест не го скрива фактот дека ВМРО-ДПМНЕ ја поскапи струјата 100 отсто

ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата 100 отсто и потоа се финансирала со пари од поскапувањето, реагира СДСМ откако опозицијата најави дека и утре продолжува со протест против поскапувањето на струјата.
„Ниедна лажна вест, ниеден таканаречен протест, не го скрива фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја поскапи струјата 100 отсто, ниту фактот дека ВМРО-ДПМНЕ всушност се финансирала од поскапата струја што ја плаќаа граѓаните и стопанството. Поранешен директор на АД ЕЛЕМ во судско сведочење јавно кажа како носел пратки кај тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, и како Божиновски му се јавувал да ургира компании што добиле тендери од тогашното АД ЕЛЕМ да ѝ помогнат на партијата ВМРО-ДПМНЕ“, наведе СДСМ во реакцијата.
Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго, освен да брани криминал и да шири лажни вести.
„И самиот Игор Јанушев за кој има предмет за злоупотреба на службена положба, каде што се сомнева дека го оштетил буџетот за 5 милиони евра, очигледно кога вели мафија, мисли на себе и ВМРО-ДПМНЕ. Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв на Јанушев и ова деструктивно ВМРО-ДПМНЕ на поразениот Мицкоски“, додава СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на која ги објави имињата на 19 кандидати за градоначалници.
„Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче. Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.
Македонија
СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници, а некои од нив се веќе споменати во јавноста.
За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
За Општина Аеродром, Александар Трајановски.
За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.
За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.
За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.
За Општина Лозово, Ацо Велковски.
За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Општина Богданци, Блаже Шопов.
Општина Дојран, Ристо Џинев.
Општина Могила – Зоран Ристевски.
Општина Неготино, Петар Мантев.
Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.
Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.
Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.
Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.
Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.
И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.
„Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните“, рече Филипче.
Според него, актуелните градоначалници направиле вистинска промена во општините Центар, Крушево, Крива Паланка.
Македонија
На граничните премини Богородица и Табановце се чека по половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 15 – 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.