Македонија
СДСМ: Новиот директор на Клиничката болнца во Штип од ВМРО-ДПМНЕ удри по пожарникарите

Новиот директор на Клиничка болнца Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Захариев удри по пожарникарите, велат од СДСМ преку соопштение.
Од партијата тврдат дека опомена пред тужба од страна на Клиничката болница во Штип му пристигнала на пожарникар за негово лекување откако за влакно не го изгубил животот во гаснење на пожарите по што морал да се лекува.
„ДПМНЕ ги казнува пожарникарите додека тие се единствени кои се борат со пожарите и го ризикуваат својот живот. Скандалозен и недозволив е ваков однос и вакво непочитување. И додека им фрчат казни од една страна, од друга страна ДПМНЕ им ги замрзна и платите на пожарникарите. Дури пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не го прифатија амандманот на СДСМ со ребаланост да им се даде награда на пожарникарите за учеството во гасењето на пожарите“, се вели во соопштението на СДСМ.
Партијата додава и дека сега со новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, нема пари за пожарникарите, нема пари за наставниците, професорите, нема пари за работниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.