Македонија
СДСМ: Откога се покачија, Владата ги замрзна цените, тоа е нова манипулација
„Последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета, половична и со суштински недостатоци поради кои граѓаните нема да почувствуваат ефекти. Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари не е решение за скапотијата, затоа што податоците на Државниот завод за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека Владата ги замрзна цените откако се покачија, што претставува нова манипулација“, велат од СДСМ.
„Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени, а не овие покачени цени.
Дополнително, наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи.
Владата на Мицкоски и ДПМНЕ освен што е неспособна да одговори на економските предизвици се покажува како слуга на големите бизнис интереси, наместо да се бори за доброто на граѓаните.
СДСМ има конкретни законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во македонското Собрание по итна постапка и власта треба да ги прифати:
• Намалување на ДДВ за струјата на 5% ќе донесе намалување на сметките за 13% веднаш и заштеда од 400 денари месечно во просек за граѓаните!
• Укинување на ДДВ за храна ќе доведе до поевтинување на над 250 категории и граѓаните месечно ќе заштедат до 2.000 денари месечно.
Севкупната примена на сетот мерки на СДСМ и Законот за нефер трговски практики ќе доведе до намалување на цените за 30%.
Граѓаните заслужуваат поддршка, а овие мерки на СДСМ се вистинскиот начин за намалување на цените за храна и намалување на сметките за струја“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

