Македонија
СДСМ пак го повика Мицкоски да го поддржи решението за спорот

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочат, туку да ѝ дадат поддршка на македонската иднина. Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија назад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш засекогаш, се вели во соопштението на СДСМ.
Според партијата, целиот демократски свет – САД, Европската комисија, Европскиот парламент, НАТО, Велика Британија, Австрија, Бугарија – упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството на двете земји. „Во интерес на граѓаните е и ВМРО-ДПМНЕ, како и сите политички субјекти во земјата, да се обедини за врвните државни и национални приоритети. Тоа е поддршка за просперитет на нашата земја, тоа е поддршка за македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат „да“ за референдумот на кој граѓаните ќе го имаат последниот збор. Христијан Мицкоски треба да покаже зрелост и одговорност и да каже „да“ за решението што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во ЕУ. „Да“, само заради граѓаните и нивната иднина. „Да“ за македонската иднина“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Каде завршија 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага“, велат од ДУИ.
„Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација.
Граѓаните на Чаир заслужуваат јасен одговор: Каде се инвестирани овие пари? Кој ќе сноси одговорност за овој скандал?
ДУИ бара надлежните институции да спроведат детална финансиска контрола за да се разјасни како се управувани овие средства и дали постои злоупотреба. Транспарентноста и одговорноста се обврска кон граѓаните, и никој не смее да се крие зад политички игри кога станува збор за нивните пари“, соопшти ДУИ.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.