Македонија
СДСМ побара Мицкоски да ги објави приватните сметки за картата и трошоците на синот во САД
Ако Мицкоски тврди дека приватно го платил патувањето и сместувањето на синот, тогаш треба да ги објави јавно тие сметки, но и Владата транспарентно да ја објави листата од сите кои патувале на државен трошок, побара СДСМ.
„Еве шанса на дело да ја покажат транспарентноста која постојано ја повторуваат дека ќе биде основно начело на работење на новата Влада.
Ова е најмалку што може да направи Мицкоски, бидејќи за граѓаните е крајно симптоматично што самиот Мицкоски не обајви ниту една фотографија од ова патување со синот, туку тоа случајно медиумите и граѓаните го дознаа од објавата на Универзитетот Џон Хопкинс“, реагира СДСМ по објавата на ВМРО – ДПМНЕ дека билетот на синот на Мицкоски не е на државен трошок.
Препукувањата меу ВМРО-ДПМНЕ почнаа откога пратеничката Славјанка Петровска преку објава на социјалните мрежи го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото официјално владино патување со себе си го зел синот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

