Македонија
СДСМ повика на оставки: Со донации на лекови не се менаџира кризата на Онкологија

Десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија, велат утрово од СДСМ.
Опозициската партија критикува дека власта наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови, ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да обезбеди системско решавање на недостатокот на лекови.
СДСМ ги повика директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар)
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров. (Општина Центар)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок.
Македонија
Непречен сообраќај по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.