Македонија
СДСМ: Потонаа нарачаните анкети, ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на изборите и пад на гласовите

Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, гласањето во саботата потврди дека анкетите кои си ги нарачува оваа партија немаат врска со реалноста. ВМРО-ДПМНЕ на изборите за градоначалник на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа доживеа дебакл, a во Тетово има пад на гласовите. Со разлика од 1.300 гласа кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотираше изборите, надевајќи се дека ќе пропаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови. СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово каде што има над 80.000 гласачи.
Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка од граѓаните, а анкетите што ги нарачува неточни и погрешни, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците, одговорите нека ги побараат во обврските преземани за инвестицијата Ѓока“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Алијансата за Албанците.
„А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.
Вистината е многу едноставна и болна.
Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.
Македонија
Шукова: Негрижата на ДПМНЕ и Арсовска го оставија во заборав булеварот Борис Трајковски

„Булеварот Борис Трајковски како витална сообраќајница за жителите на Кисела Вода и Драчево, е слика на целокупното 4 годишно владеење на ДПМНЕ и Данела Арсовска. Тоа е одраз на целосна незаинтересираност, темелна негрижа и хаос“, рече денеска Каја Шукова кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ која беше на оваа сообраќајница која ги поврзува Кисела Вода и Драчево.
„Четири години ДПМНЕ и нивната избраничка Данела не мрднаа со прст за да ги довршат преостанатите 2,5 км од булеварот Борис Трајковски. Барем Орце Ѓоргиевски, додека пиеја кафиња со Данела Арсовска, да ја посетеше за еден од најгорливите проблеми во неговата општина. По 4 години од актуелната власт, булеварот Борис Трајковски остана ветен, недовршен и небезбеден за над 50.000 граѓани од овој дел на градот“, порача Шукова.
Притоа таа истакна дека ваквото неодговорно однесување наскоро ќе заврши најавувајќи негово целосно завршување.
„Не поради политички маркетинг, не поради пи-ар, туку поради тоа што ова е базична потреба на граѓаните од овој дел на Скопје, нешто што нужно им следи и што е обврска на секој кој ја добил довербата да управува со градот. Булевар како што доликува на Скопје, по сите стандарди, безбеден и ефикасен за надминување на сообраќајниот метеж“, рече Шукова.
Од Булеварот Борис Трајковски Шукова сподели дека нејзината визија за Скопје, е метропола со модерна сообраќајна инфраструктура, логично поврзана со современ јавен превоз, и сообраќајни решенија кои гарантираат ефикасност и безбедност за граѓаните.