Македонија
СДСМ: Потребна е посебна седница на Советот поради хаосот во Град Скопје
ВМРО-ДПМНЕ за само една година како локална власт предизвика колапс на градот Скопје и јавните претпријатија, кои се под негова надлежност, велат од СДСМ преку соопштение.
„Заинтересирани само за бизнис интереси со рацете во медот создадоа хаос во јавното сообраќајно претпријатие и за прв пат во историјата го оставија Скопје без јавен превоз. По два дена прекин, вработените добија плати, превозот тргна, но без одговор остана прашањето како ЈСП за една година направило долг од милион евра и дали причина за тоа е и набавката на гориво по цена повисока од 5,6 денари по литар од редовата.
Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ предвизика хаос во ЈСП, а ништо подобра не е состојбата ни во други јавни претпријатија на градот Скопје. Градот стагнира и наздува, прекината е реализацијата нa крупни проекти, ветените проекти и инвестиции никаде ги нема. СДСМ очекува ВМРО ДПМНЕ кое има мнозинство во Советот на Град Скопје и Трајко Славевски како претседавач, да закаже наменска седница, за разгледување на овие прашања.
Скопјани не заслужуваат неспособна градска власт која мисли само на лични бизнис интереси и дејствува на штета на Градот и граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

