Македонија
СДСМ: По изборниот пораз Мицкоски и Апасиев со денови ги нема, да не чекаат насоки од Будимпешта?
По поразот на вонредните локални избори Мицкоски и Апасиев со денови никаде ги нема. Не се појавуваат во јавноста, ниту, пакна социјалните медиуми, јавноста од нив не слушна ни збор.
Дали заедно чекаат насоки од Будимпешта, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека Мицкоски и Апасиев се зашеметени од поразот, не знаат што да кажат по шлаканицата од граѓаните, кои им упатија јасна и недвосмислена порака дека се против блокади и деструкции, дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности.
Пораките од вонредните избори се јасни. Двојна победа на СДСМ и Коалицијата на изборите за градоначалник во двете општини, Маврово Ростуше и Центар Жупа и преполовена поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Тоа е пораз на антиевропската коалиција. Затоа Мицкоски и Апасиев со денови не излегуваат во јавност, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

