Македонија
СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните парламентарни избори во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз
Во годината пред нас продолжуваат мерките и политиките за справување со последиците од светската криза, но и реформите важни за нашиот евроинтеграциски пат и затоа е важно сите институции да функционираат со целосен капацитет. Предвремени избори нема да има. Нема да има не затоа што СДСМ се плаши од нивниот резултат, туку затоа што имаме цели и задачи што сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека реформите на сите нивоа ќе се случат без разлика на јавните лелекања на Христијан Мицкоски со кои трага по свои сојузници во власта. Граѓаните ќе ги препознаат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година, на претседателските и на парламентарните избори, ќе ги прокнижи седмиот и осмиот пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ велат дека ретроградните сили, кои сонуваат за враќање во минатото и одржување статус кво во борбата против корупцијата, со единствена цел да си го заштитат нелегално стекнатото богатство, прават есап без крчма. Напорите за достигнување неселективна правда се поголеми и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ!
Тоа е национална цел број еден, која ќе биде испорачана заради иднината на нашето заедничко општество, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

