Македонија
СДСМ: Проруски инсталации на насилните протести на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев
																								
												
												
											Педесетина повредени полицајци, фрлање запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти – е епилогот од насилните протести на антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Левицата и Алијансата за Албанците. На виделина излегуваат нови докази за поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додават дека руските знамиња на протестите и навредите кон сограѓаните од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на Владата и имаат цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.
Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи и не одговара која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки, со насилниците под качулки пред Собранието.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левицата прават сè за да одработат за туѓи центри на моќ, да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.
Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Секој што ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата, ќе одговара во согласност со законите, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

