Македонија
СДСМ: Просечната плата зголемена за 10.9 отсто во време на криза
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и Димитар Кивачевски даваат реални, видливи резултати, платите континуирано растат во сите сектори и во време на економска и енергетска криза, велат од СДСМ преку соопштение.
„Просечната плата за јуни годинава е зголемена за 10,9 отсто во однос на истиот месец лани и изнесува 31.869 денари.
Тоа е покачување од 3.125 денари за една година, и тоа во време на глобална економска и енергетска криза што е особено важно.
Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на креирање и реализација на мерки кои обезбедуваат повеќе пари во секое семејство и развој на економијата“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Македонија
Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Северна Македонија.
Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби. Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.
По средбата со претседателот на Собранието предвидена е изјава за медиумите.
Македонија
Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло
Утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Следува период на релативно топло време. Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури. Во вторник и среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурата.
Скопје
Без струја дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општина Кисела Вода.
Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, струја ќе немаат корисниците од Драчево, улица Чучевска, улица Китка (општина Кисела Вода).