Македонија
СДСМ: Седницата за уставни измени ќе покаже дали Мицкоски е за или против ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/358739023_795731572295018_3064735634553616799_n.jpg)
„Нема веќе простор за Мицкоски и неговите манипулации. Седницата за уставни измени ќе покаже дали Мицкоски и ДПМНЕ се за или дефинитивно се против ЕУ.
Со голема леснотија Мицкоски кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски.
За лични цели, против подобар живот и против стратешката цел за членство во ЕУ. Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или изолација, седнат во скутот на Левица.
Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Средба на претседателот Гаши со посебниот советник за Западен Балкан: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/gashi-frangesh1.jpg)
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со посебниот советник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.
Гаши изрази благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја.
Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на евроинтеграциите. Особено се ценат нејзините заложби за одржување на прашањето за проширувањето високо на агендата на Европската Унија.
Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро, затоа што и Балканците се Европејци и тоа е во корист не само на овие земји, туку и на самата Унија.
Во таа насока, прашањето за уставните измени како пречка за влез во големото европско семејство треба да се реши што поскоро, а реформскиот процес да продолжи. Помошта и поддршката од посебниот советник Франгеш е добредојдена како одличен познавач на Регионот.
Франгеш на претседателот Гаши му посака успешна работа во новиот мандат, истакнувајќи дека парламентарната демократија е многу важна.
Соговорниците оставија отворена врата за соработка, со почести средби и поактивна улога во наредниот период.
Македонија
Левица: Државата нема средства за младите што ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/FB_IMG_1720076660923.jpg)
Години наназад, вклучително и оваа, средношколците кои се дел од тимовите што ја претставуваат Македонија на научни олимпијади ширум светот каде што го веат македонското знаме и од каде што донесуваат бројни признанија и медали, мака мачат да најдат средства за воопшто да стигнат на тие натпревари, велат од Левица.
„Наместо последните седмици пред натпреварувањата да ги вложат за што подобро да се подготват, тие се принудени да одат од една до друга врата, барајќи некој да им излезе во пресрет за да можат да ја претстават Македонија. Новата министерка за образование, Весна Јаневска, смета дека има недостаток во Законот за средно образование во смисла што во него не е предвидено доделување на финансиска поддршка од страна на МОН за ученици и нивни ментори за учество на меѓународни научни олимпијади, туку само доделување на стипендии доколку е освоено едно од првите три места, па најавува решението за овој проблем да се бара во корекции на Законот за средно образование во таа насока. Во меѓувреме, државата годишно ја напуштаат по 2500 високообразувани млади луѓе откако успеале да поминат низ образовниот систем во државата како по минско поле! Деценски проблем е што државата нема никаква стратегија за континуирана поддршка на талентираните ученици, уште помалку да го усмери нивниот професионален развој и да ги задржи како кадри“, додаваат од Левица.
Според Левица, проблемот е системски, длабок и од суштинско значење за иднината на државата и луѓето што живеат овде.
„Ако состојбите денес се лоши, тогаш кој ќе ги промени на подобро утре? Нашата иднина си заминува преку границите со застрашувачка брзина, а државата ниту понуди, ниту, пак, сега нуди план за надминување на таквата алармантна состојба. Проблемот бара длабоки решенија, а не површни шминкања на одделни закони! Левица ја повикува новатата министерка Јаневска да собере сила и храброст за да почне работите да ги решава од корен и систематски! Во овој момент не е потребно козметички да се надополнуваат празнините што го проголтуваат еден од најважните сектори во државата, туку напротив, потребни се итни и радикални промени во образованието“, завршуваат од Левица.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/sdsm4.jpg)
По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ.
„Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие“, дополнуваат од СДСМ.
Според партијата, ова не е промена туку правец назад.
„ Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи“, завршуваат од СДСМ.