Македонија
СДСМ: Се надминуваат штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ
Лажните вести и празните обвинувања не може да ги скријат штетите врз граѓаните и државата што ВМРО-ДПМНЕ ги направи со своето 11-годишно криминално и расипничко владеење, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Драган Данев, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа расипнички, криминално за остварување лични и партиски интереси, додека граѓаните и државата беа презадолжени, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите, ја стабилизира економијата и ги професионализира институциите што денес работат во интерес на граѓаните.
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Со Законот за минималната плата речиси 90.000 граѓани денес добиваат повисока минимална плата, која изнесува 12.000 денари и важи за сите вработени во сите индустрии. Со тоа се отвори спиралата на раст на платите, која влијаеше врз растот на просечната плата, која во јануари изнесуваше 24.075 денари“, се вели во реакцијата.
Во неа се додава дека започнатиот реформски процес овозможува професионализација и ослободување на државните институции кои денеска работат независно во согласност со своите надлежности и во интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

