Македонија
СДСМ : Се отпишуваат каматите на долговите кон јавните претпријатија
СДСМ како одговорна партија спроведува мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните и повеќе пари во семејните буџети.Во таа насока е и новата мерка со која се отпишуваат сите камати кон јавните претпријатија на централно и локално ниво и државни установи до крајот на 2017-та година, соопшти партијата.
Каматите се отпишуваат и на граѓаните ќе им се даде можност да го плаќаат главниот долг на рати, чиј број зависи од големината на долгот.
„Оваа мерка е насочена кон решавање на проблемите на голем број граѓани, кои се наоѓаат во маѓепсан круг на блокирани сметки, замрзнати имоти и судски пресуди.Анализите покажуваат дека каматите го голем дел ги надминуваат и висините на основниот долг и токму затоа се тргнува од бришење на каматите и отоврање на можноста за репрограмирање на главниот долг и негово плаќање на рати.
СДСМ им помага на граѓаните и со законските измени кои предвидуваат намалување на трошоците за нотари и извршители.Граѓаните корисници на гарантираната минимална помош, оние кои заработуваат помалку од просечна плата и добиваат помала просечна пензија извршувањето нема да може да биде поголемо од една петина од доходот месечно.СДСМ спроведува мерки за социјална правда и им го враќа достоинството на граѓаните. Приоритет ни е правото на граѓаните да живеат пристоен живот, ослободен од постојан пристисок за присилна наплата на нивните долгови, со набилдани камати“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

