Македонија
СДСМ: Стана јасно дека Сиљановска и Апасиев со години работеле за Груевски

Гордана Сиљановска и Димитар Апасиев денеска признаа дека со години работеле за интересите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, дека се дел од матрицата што работи против ЕУ и НАТО, против државните и национални интереси, коментира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение, по средбата на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска и Димитар Апасиев од Левица.
„Затоа, кандидатката на Христијан Мицкоски, Сиљановска, до ден денес не го осуди груевизмот и неправдите на режимот, ниту, пак, го осуди криминалот на Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Остана нејасно само дали Сиљановска е на иста линија со Апасиев и околу Мадуро“, велат од СДСМ.
Политичката линија на Апасиев и Сиљановска, како што додаваат, е линија на одбрана на криминалот, неправдата, изолацијата и поделбите, последната линија на одбрана на погубните политики на Никола Груевски.
„Граѓаните нема да дозволат бранители на криминал, насилство и поделби да застанат на чело на државата, нема да дозволат личности како Сиљановска и Апасиев да ја вратат државата во изолација и конфликти. На 5 мај граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе обединува и ќе води напред кон ЕУ и НАТО, на 5 мај граѓаните масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на државата“, додава СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен д-р Јован Божиновски, формирани се и комисии за надзор на работата на оваа клиника.
-По повод објавениот видео-материјал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, т.4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на јавните здравствени установи, во овој случај нарушување на угледот на институцијата, поранешниот веќе директор д-р Игор Кузмановски е разрешен и денеска е назначен нов директор д-р Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, посочи министерот Алиу.
„Министерството е во постојана комуникација со Лекарската комора, формирана е комисија во Министерство и побаран е инспекциски надзор од ДСЗИ, по што ќе се формира и интерна комисија за стручен надзор на Клиникат“.
Македонија
Да победиме, за да можеме да влеземе во Град Скопје и во администрацијата и да ги решиме предизвиците со кои се соочува градот, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога се очекува да биде готова клучката кај Момин поток, рече дека најпрво мора да се победи на изборите, да влезат во администрацијата за да можат побргу да се надминат сите предизвици со кои се соочува Град Скопје и ги повика скопјани на 19 октомври да гласаат за број 9 за Орце Ѓоргиевски.
„ Па треба да влеземе прво во Град Скопје, од оние информации кои ги имаме добиено а се алармантни, таму има многу работи кои треба да се решат пред се должничко доверителски односи, така што, ајде да влеземе прво во Градот Скопје, затоа јас ценам и ги замолувам граѓаните да излезат масовно уште на 19 октомври, Орце Ѓорѓиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што побргу да влеземе во администрацијата за да можеме побргу да ги надминеме сите овие предизвици со коишто ќе се соочиме“ нагласи Мицкоски.
Македонија
Адвокатска канцеларија во рамки на Основниот кривичен суд Скопје

Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ ја отворија Канцеларијата за адвокати во рамки на Кривичниот суд која може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски ви рамки на судот.
Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените канцеларии на судиите и судската служба.
Канцеларијата е опремена од страна на Адвокатската комора на РСМ со соодветен канцелариски мебел и е со цел да овозможи простор на адвокатите за кратки пауза меѓу насрочените расправи како и подготовка за рочиште, воедно истата може да се користи и за состаноци и координација на бранителите.
Ова, се истакнува во соопштението, е прва ваква канцеларија која ја овозможува Основниот кривичен суд Скопје која може да се користи од адвокатите, а во финална фаза на подготовка е и просторија која ќе може да ја користат Јавните обвинители, по примерот на Медиа центарот наменет за претставниците на медиумите кои известуваат од судските расправи како и просторијата за Судии поротници.
„Со тоа, Кривичниот суд се обидува да овозможи просторни услови за работа не само за вработените и за непречено одвивање на судските рочишта, туку и соодветни услови за работа на сите чинители кои се јавуваат како странки но и јавност во судските расправи во правец на поголема отвореност и транспарентност на судот“.