Македонија
СДСМ: Три дена молк на Мицкоски, на кого ветувал промена на Уставот

„Трет ден трае молкот на Христијан Мицкоски за јавно поставените прашања.
Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот?
Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?
Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев нека не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку нека излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања.
Лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго е одамна познато
Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа стануваат се порадикални во деструктивното дејствување.
Мицкоски е слаб, исплашен и очаен и затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утрово ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево и потопло

Во поголем дел од земјава утрово ќе биде ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 11 до 13 часот, корисниците од викенд населба село Кучково, општина Ѓорче Петров.