Македонија
СДСМ ја киднапира и зароби држава, обвинува опозицијата
СДСМ за 10 месеци од Македонија направи киднапирана и заробена држава, во која владеењето на правото е само мисловен поим, а Уставот и законите на државата мртво слово на хартија. СДСМ и Зоран Заев долго ќе го носат срамот од фактот дека на 14 март ја погазија демократијата, законите и Уставот. Ги ставија партиските пред државните интереси. Заев и СДСМ се главните и одговорни виновници за носењето на неуставниот закон за двојазичност. Тоа граѓаните јасно го видоа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес- конференцијата на Христијан Мицкоски.
Според партијата, насилното носење на законот за двојазичност ги прекрши деловничките, законските и уставните процедури. „СДСМ ги прекрши Законот за Собранието, Деловникот на Собранието и Уставот. Овој закон е штетен, неприменлив и неуставен. ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и никогаш нема да го признае, бидејќи носи нови поделби и конфликти во општеството. Овој закон е само продолжение на штетените политики на СДСМ, како штетните договори , недржавничкото дејствување, расипничкото задолжување, економската стагнација и падот на градежништвото. Наместо плати од 500 евра, 600 километри нови автопати, економски бум, раст на пензиите и социјалната помош, граѓаните се сведоци на општа катастрофа, која државата ја носи кон сиромаштија“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

