Македонија
СДСМ ја погази демократијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ ја погази демократијата, Уставот и законите, само за да изгласа закон со кој се надеваат дека ќе обезбедат поддршка за одржување на неспособната влада. Не ги загрижува тоа што цената од неуставниот, неприменлив и штетен закон ја плаќаат граѓаните и државата.Одговорност мора да има и ќе има. Ова што го направија СДСМ и ДУИ е газење на демократијата и покажување брутална моќ и сила, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и го поништи уставното право на пратениците, со амандмани да интервенираат во законските предлози. „Партијата која од опозиција ветуваше дебата на секое прашање сега на сила и крајно игнорантски, оневозможи каков било вид на дебата, туркајќи еден штетен, неприменлив и неуставен закон, кој дополнително ќе ги продлабочи разликите во општеството. Ваквиот однос на СДСМ кон државата и сите оние кои имаат национални чувства се виде со политичкиот прогон поврзан со настаните од 27 април. Патриотите кои го кренаа гласот против катастрофалните политики на СДСМ на секое поле, први на своја кожа го почувствуваа политичкиот прогон кој го спроведува оваа власт.
Тие се најдоа во притвор со цел да се одвлече вниманието на јавноста од реалните и суштински проблеми на граѓаните и да се испрати порака на заплашување“, се додава во реакцијата.
Според опозициската партија, додека вистинските криминалци се на слобода, патриотите и неистомислениците на Заев се по затворите. Судството веднаш мора да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството наместо да работи по нарачка и да креира случаи за невини луѓе да започне да си ја врши работата и да се справи со напливот на криминал.
„Македонија мора повторно да стане правна држава, патриотите да се ослободат од притвор и од коструираните обвиненија и да се почитуваат Уставот и законите во државата. Судовите мора да прекинат да бидат главни соучесници во политичкиот прогон.
Политичкиот прогон мора да запре веднаш, а судот да се ослободи од стегите на власта. Владата на СДСМ место да се фокусира на политички прогон и реваншизам кон сите оние кои не се согласуваат со овие катастрофални политики, да го насочи своето внимание кон решавање на проблемите на граѓаните кои од ден во ден се се поголеми токму поради неспособноста на Зоран Заев и неговите соработници“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

