Македонија
СДСМ: Eден од основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ фотографиран во друштво на Мицкоски
Социјалните мрежи и медиумите се преполни со фотографии на кои се гледа како еден од основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ е во друштво на Христијан Мицкоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на Антонијо Милошоски од опозициската партија.
„Да биде иронијата поголема постои и фотографија на која основачот на клубот носи маичка брендирана токму со името на Антонио Милошоски. ВМРО-ДПМНЕ за време на 11-годишниот режим потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ и затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува“, посочуваат од СДСМ.

Претходно денеска Милошоски кажа дека бугарската провокација е последица од гласањето на СДСМ и ДУИ за бришење на АСНОМ од Уставот.
„64 пратеници на СДСМ и нивната коалиција во декември 2018 година гласаа за бришење на одлуките на АСНОМ од Уставот на Република Македонија и кога вие гласате за бришење на одлуките на Антифашистичкото собрание од Уставот, тогаш ова се последиците“, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

