Македонија
„СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето кокаин“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„СДС елитистичка да не молчи и да ги става работите под тепих, пред очите на јавноста излезе целата хипокризија на борците за правда и еднаквост од СДС. СДС е партија која е опкружена со луѓе и функционери кои се поврзани со скандали со дрога. СДС и на власт и во опозиција има скандали поврзани со употреба на наркотични средства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче молчат и не се оградуваат за случајот каде Јон Фрчковски директор на Центарот за истражување и анализи на СДС консумира психотропна наркотична супстанца.
Јавноста беше сведок и за случајот со еден од водачите на шарената револуција и поранешен пратеник на СДС, Павле Богоевски кој исто така потврди автентичност на снимка според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца.
СДС има историја на скандали поврзани со шверц и користење на дрога од високи функционери.
Спасовски како ексминистер на МВР молчеше и за скандалот на кланот Заеви поврзан со шверц на дрога.
Во акцијата која беше спроведена од ДЕА, во комбето со грчки регистарски таблички, беше пронајдена дрога во вредност од над 800 илјади евра, а се поврзуваше со фирма која е партнер на фирмата на Заеви. Уапсени беа командирот на полициска станица Прилеп кој беше директно поставен од Оливер Спасовски и шоферот на братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев.
Советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот и бегалец Артан Груби, исто така беше фатен со пакетчиња кокаин.
Користењето на наркотични средства не може да помине со оставка тоа повлекува низа консеквенции согласно закон.
Јавноста заслужува одговори на прашањата зошто СДС не се оградува од Јон Фрчковски? Каде користел наркотични супстанци? На кое работно место?
Надлежните органи да профункционираат и да го повикаат Јон Фрчковски на распит.
Дали само децата и внуците на црвената буржоазија и транзициските функционери се привилегиран слој во општеството па Јон Фрчковски има дискреционо право?
Дали за Јон Фрчкоски не важи законот каде доколку на работно место лице внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства веднаш добива отказ од работодавачот?
СДС да ѝ се извини на јавноста а државните институции да профункционираат и надлежните органи да реагираат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

