Македонија
СДС стави печат на партизацијата во државата, но и општеството, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС треба конечно да си погледне во своите редови и да види што се правеле, а и прават, односно не прават како опозиција. СДС е партијата во Македонија која стави печат на се што подразбира партизација во државата, но и пошироко во општеството“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.
„СДС партизираше се по ред, а во последните седум години владеење ги имаше докажаните партиски кадри во судството, како судиите Дамева и Георгиев, обвинителката Русковска и ова се имиња само за илустрација.
СДС не ги остави на страна ниту безбедносните служби, па така тука ги имаше докажаните партиски кадри како Димовски, Муслиу, Зечевиќ. И ова се само неколку од низата партијци во безбедносните служби.
СДС со Каранфилова Пановска го партизира дури и невладиниот сектор. Сега ВМРО-ДПМНЕ работи на професионализација на службите и тоа на сите по ред. ВМРО-ДПМНЕ има кадри за кои од институции е потврдено дека се соодветни на функциите кои ги вршат. Да потсетиме, Антикорупциска не виде причина за постапка за Христовски, а Христовски има сертификат според сите стандарди.
СДС има единствена грижа како да ја пресече врската со докажаниот корупционер Заев“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

