Македонија
Северна Македонија заслужува членство во ЕУ – Пленковиќ и Мицкоски разговарале по телефон
Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Северна Македонија, која заслужува членство во ЕУ, му рекол хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на својот македонски колега, Христијан Мицкоски.
Двајцата разговарале телефонски, а станало збор за понатамошната динамика на европскиот пат на Северна Македонија, како и за претстојниот Извештај за напредокот и ситуацијата во Југоисточна Европа, информираше Пленковиќ на социјалните мрежи по разговорот со Мицкоски.
S premijerom @MickoskiHM 📞 razgovarao sam o daljnjoj dinamici europskog puta Sjeverne Makedonije, predstojećem Izvješću @Europarl_EN o napretku i stanju na jugoistoku Europe. Hrvatska će nastaviti snažno podupirati Sjevernu Makedoniju, koja zaslužuje članstvo u EU-u! 🇭🇷🤝🇲🇰 pic.twitter.com/2PlzAd5fOu
— Andrej Plenković (@AndrejPlenkovic) June 21, 2025
Македонскиот премиер соопшти дека телефонскиот разговор бил во пресрет на извештајот на Европскиот парламент.
„Продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме. Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас. Македонија заслужува членство во Европската Унија, но со крената глава“, напиша Мицкоски на Икс.
Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, @AndrejPlenkovic. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што… pic.twitter.com/W7I6jqx9H5
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) June 21, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

