Македонија
Секој социјалдемократ треба да се гордее на резултатите, рече Ковачевски на 31. роденден на партијата
Секој социјалдемократ треба да се гордее на резултатите, на придонесот на СДСМ за државата. СДСМ е синоним за државотворност, одговорност, посветеност и синоним за модерна партија. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на свечената седница на Централниот одбор по повод 31. роденден на СДСМ.
Во роденденското обраќање тој истакна дека СДСМ покажала разум кога други потпалувале тензии и обединувала кога други делеле.
„Од процесот на создавањето независна македонска држава, меѓународно признаена, градењето институции, преку кандидатски статус за членство во ЕУ до решавање на спорот и реализирање на стратешката цел, полноправно членство во НАТО, од борбата со ковид-пандемијата, па сѐ до последната економска и енергетска криза. Ние, СДСМ, и сѐ она што означуваат овие 4 букви, бевме секогаш предводници во решавањето на овие проблеми. И еве нѐ повторно, 31. роденден го одбележуваме во многу сложени општествено-економско политички околности предизвикани од глобални процеси“, рече Ковачевски.
Тој се осврна и на резултатите од неговото застанување на чело на партијата посочувајќи дека во изминатите 90 дена партијата успеала да ја стабилизира цената на струјата, со помош на субвенционирање на сметките на граѓаните и да имаме најниска цена на енергијата во регионот. Говореше и за покачувањето на минималната плата, пензиите, мерките за поддршка на компаниите и ранливите категории граѓани. Посочи и дека нема застој во снабдувањата со храна, со гориво, гас и греење додека целиот свет се соочува со најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна поради агресијата на Русија врз Украина.
Најави дека власта ќе продолжи да бара и натаму решение со Бугарија, но ќе го чува и нашето достоинство. Никој нема право, рече Ковачевски, да си игра со достоинството на нашиот народ и ние сме тие што тоа трба да го заштитиме. Додаде дека антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет со кој се гордееме. Но, тоа е и дел од Статутот на СДСМ.
![]()
„Ние да не заборавиме од каде е тргната нашата партија и дека најголемите борци за оваа држава и за нејзината слобода, всушност, ја формирале оваа политичка партија во која ние денес седиме на раководните позиции. Од овде, пред сите вас, на нашиот роденден, како претседател на СДСМ, ви велам – повторно ќе успееме. Заедно, одговорно и посветено. СДСМ ќе остане да биде чуварот на сегашноста, гарант на стабилноста, напредокот и иднината. Јас сум подготвен, стојам зад ова и подготвен сум да ве водам заедно со сите вас овде во раководството во нови изборни победи за СДСМ и за Република Северна Македонија. И ве уверувам дека СДСМ по минатите локални избори, повторно ќе биде победничка партија на изборите во 2024 година“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

