Македонија
Секторот за компјутерски криминал и натаму го истражува хакерскиот напад на страницата на ДИК

Секторот за компјутерски криминал при МВР до скопското Основно јавно обвинителство доставил известување со образложение за сите мерки и активности преземени во насока на расчистување на хакерскиот напад врз интернет- страницата на Државната изборна комисија (ДИК) на денот на предвремените парламентарни избори.
„Станува збор за DDoS-напад, кој бил насочен кон страницата https://www.sec.mk/, а кој влијаел на оневозможување на објавувањето на прелиминарните резултати од изборите“, објаснуваат од МВР.
Од таму додаваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во соработка со Јавното обвинителство за овој случај ги користи сите механизми за меѓународна соработка со интернет-сервис провајдери кои се надвор од домашна јурисдикција, со цел добивање податоци за корисниците на нивните сервиси.
„Истрагата за овој случај продолжува во насока на утврдување на ИП-адресите од каде што е пристигнат нападот, собирање дополнителни информации за утврдување на нарачателот на овој напад, како и утврдување дали имало други причини кои влијаеле или се поврзани со неможноста на објавувањето на прелиминарните резултати“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, одговорност и правда мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување. Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС.
Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ се пред очиглед на јавноста. Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов -Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени“.
Ексдиректорот Филип Андов- Сокол, како што појаснуваат, претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје.
Народот, додаваат од ВМРО-ДПММНЕ, гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.
„Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството“, нагласуваат од оваа партија.
Македонија
Дел од општина Илинден утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре, во период од 08 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата после гробишта во село Марино кон населба Јака и улицата накај гробиштата во општина Илинден.
Македонија
Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција.
Претседателот на Владата ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.
Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.