Македонија
Селото Врбица беше 100 посто загрозено, го спасија авионите и пожарникарите, раскажа жител
Селото Врбица, во Општина Чешиново-Облешево, беше 100 посто загрозено во денешниот пожар. Без авионите, хеликоптерите и пожарникарите ќе изгореше, вели Стојан Ристов жител на селото.
Тој кажа дека во опасност биле и самите пожарникари.
Пожарот избувна денес на ридот близу Манастирот Свети Ѓорѓија, во близина на селата Врбица и Соколарци. При противпожарната акцијата, е елиминирана опасноста по селата и манастирот.
Од ЦУК велат дека повеќето кракови од пожарот се изгаснати или локализирани, а само еден крак, во правец на месноста Буниш се уште гори, претежно трева и нискостеблести растенија.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека тревата горела многу бргу и огнот се заканувал кон населеното место, па за таа цел ангажирани биле ертракторите, хеликоптерот на МВР, а пожарот се гаснел и од земја.
Три екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани итно биле упатени на терен, а повикани биле и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Како што објаснија од ЦУК, пожарот имал повеќе кракови, а променливиот ветер и по правец и по силина ги разгорувал на различни страни.

„Со воздухопловите – прво со „ер тракторите“ на ДЗС, па цело време со хеликоптерите на МВР и пожарникарите по земја, моментно се одлучуваше и се одеше од крак до крак и се гаснеше со мали мобилни тимови директно место по место“, велат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

