Македонија
Сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието
Во Собранието и годинава се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница откако во мај годинава Генералното собрание на Обединетите нации ја донесе резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и величањето на воените злосторници.
Присутните пратеници, претставници на бошњачката заедница и на здружението „Диванхана“ и други гости со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во геноцидот по што претседателот на Собранието, Африм Гаши, во воведното обраќање нагласи дека овој грозоморен настан секојдневно нѐ потсетува на кревкоста, но и на непроценливата вредност на мирот, на владеењето на правото, на соживотот, на демократијата и на почитувањето на човековите права. Особено на основното човеково право на живот, што злосторнички беше прекршено летото 1995 година кога за само неколку дена згаснаа илјадници животи и илјадници семејства беа завиени во црно.
Затоа, рече претседателот Гаши, не треба да бегаме од тоа овој трагичен чин на масовно крвопролевање да го наречеме со вистинското име – геноцид. А геноцидот не е настан што се случува спонтано и што настанува сам по себе. Тој има автор, тоа е планирана и организирана акција, со намера на истребување и уништување на другиот, во овој случај на Бошњаците од Босна и Херцеговина.
Затоа, како што рече претседателот на Собранието, и Северна Македонија, заедно со повеќето земји во светската организација, неодамна застана зад резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации, со која се осудуваат негирањето на геноцидот и величањето на воените злосторници и со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница.
„Ние треба да испратиме порака до нашите деца, до идните генерации, дека треба да ги почитуваат различностите и да се спротивстават на омразата, на предрасудите и на стереотипите затоа што геноцид како во Сребреница не смее да се заборави, но и не смее да се дозволи да се повтори“, рече претседателот Гаши.
Професорот Џемил Бектовиќ истакна дека Северна Македонија со поддршката на резолуцијата на ГС на ОН, како и со чинот на одбележување на Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница во Собранието, уште еднаш покажува дека е на страната на правото и правдата и на страната на жртвите.
Зборувајќи за симболиката на геноцидот на територијата на Босна и Херцеговина летото 1995 година, Бектовиќ рече дека Сребреница е симбол на страдање, на болка, но и на преживување. Сребреница, рече тој, е симбоол на бошњачките мајки, кои останаа без своите чеда.
Мерсиха Смаиловиќ, преставничка на здружението „Диванхана“, рече дека Сребреница е паметник на човечката суровост и на несогледливите последици на омразата. Сребреница, рече таа, повикува на будност и на акција за спречување такви поглавја во иднина.
Нашата држава, рече Смаиловиќ, не само што гласаше за резолуцијата на ОН туку е и коспонзор, така што презема обврски што треба да ги исполни во насока на негување на споменот на Сребреница, како и во пресрет на 30-годишнината од геноцидот в година.
Професорот Сеад Џигл нагласи дека, за жал, и 29 години подоцна, Сребреница сѐ уште е предмет на жолчни расправи и недоразбирања и тема за политички борби и спротиставувања. Се надевам, рече тој, дека на 30-годишнината со поголема самодоверба ќе може да кажеме дека сме овозможиле полека да почнат да заздравуваат отворените рани од минатото.
Сафет Бишевац рече дека резо0луцијата на ОН е само мало оддолжување кон жртвите. Најдобар одговор кон оние што сѐ уште го негираат злосторството во Сребреница, рече тој, се помнењето и вистината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Јакимовски: Ако победев на изборите немаше да броиме 100 дена, туку завршени проекти
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео на Фејсбук во кое вели дека доколку победел на локалните избори, немало да брои 100 дена, туку завршени проекти.
„Ако победев на локалните избори, денес немаше да броиме 100 дена. Ќе броевме завршени проекти. Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 веќе ќе беше вселена. „Пролет“ кај Канела ќе беше во завршна фаза – а децата на 1 мај ќе влегуваа во нов простор, не во ветувања. Спортската сала во ООУ „Димов Хаџи Димов“? На 8 март ќе сечевме лента. Улиците Петар Чаулев, Козле 3, Софиска, Џумајска, Јуриј Гагарин, Загребска, Атинска, Бранислав Нушиќ, Трифун Бузев – ќе беа завршени. Канализациите во Бардовци и на Ловќенска ќе беа решени. Потпорниот ѕид на Загребска ќе беше безбеден, а не тема за оправдувања. Проектите за катни гаражи во Карпош 1 и Карпош 2 ќе беа готови, со распишани тендери“, вели Јакимовски.
Додава дека не е прашањето во деновите, туку прашањето е во посветеноста.
„Кој знае – прави. Кој не знае – брои. А денот се познава по утрото. Како што почнаа овие 100 дена – така ќе изгледаат и следните 1.000“, вели Јакимовски.
Македонија
Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав
„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на судскиот Совет, со коешто се воспоставуваат реални висини на плати“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.
Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско решение е во согласност со Устав и не може да биде обжалено пред Уставниот суд.
„Со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите, со што се обезбедува национално користење на средствата од Буџетот на Република Македонија. Ова законско решение е во согласност со Уставот, и е единствено законско решение коешто може да влезе во уставната рамка и потоа да не биде обжалено на Уставниот суд“, рече Стојаноски и додаде:
„Со овие измени одредени позиции се намалуваат коишто се во следниов правец. За пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините. Доколку овие измени денеска бидат усвоени во Собранието, платите ќе се нивелираат со што значи на сите овие функционери коишто се под овие шест закони, платата ќе се намали од 10 до 13.000 денари“.
Македонија
Бесплатен логопед за децата од Општина Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша меморандум за соработка со здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможува индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост.
Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба.
Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лица со валидна документација согласно со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).
„Обезбедуваме и поддршка за родителите преку советување и насоки, со цел секое семејство полесно да стигне до потребната стручна помош без дополнителни финансиски оптоварувања“, вели Митевски.
фото/Depositphotos

