Македонија
Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови
По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале во несоодветни услови во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, политичката партија Левица повика на одговорснот.
Скандалот го обелодени актуелниот директор на НУБ – Скопје, така што Секторот за култура при Левицата бара одговорност од сите претходни директори на установата, кои несовесно работеле и ја затаиле некомплетната реализација на проектот: Сенка Наумовска (2017 – 2018), Фримзим Даути (2018 – 2021), Јелисавета Костадинова (2021 – 2022) и Раметула Куќи (2022 – 2024).
Бидејќи публикувањето на второто издание на Правописот и неговата понатамошна дистрибуција се дел од проект од национален интерес, финансиран од Министерството за култура, партијата бара одговорност и од министрите за култура, чиј проект останал да гние, а за кој била одобрена милионска сума.
Од тука прашуваат кој од Министерството за култура вршел евалуација и мониторинг на проектот, колку Министерството се базира само на наративни извештаи, без да излезе на терен и да направи увид во наменското трошење на милионските суми доделени по основ на проекти. Прашуваат и дали ова е потврда плус дека некои од извештаите за реализираните проекти во разни области се фиктивни.
Инаку, наспроти несоодветно третираните над 2.600 примероци, според моментната евиденција во базата, македонските библиотеки располагаат со само 11 примероци на ниво на Македонија, и тоа: по 2 примерока се чуваат во библиотеките во Виница, Тетово и во Куманово, еден примерок, што не е за изнајмување, има во библиотеката во Пехчево, еден примерок, што не е за изнајмување има на Филолошкиот факултет во Скопје, и 3 примероци се чуваат во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Претходно вчера, беше објавено дека по иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, почнува акција за дистрибуција на примероци од Правописот на македонскиот јазик во сите основни училишта во државата. Акцијата следува откога во депоата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје беа откриени 2.600 примероци од второто издание на Правописот, кои цели седум години не биле дистрибуирани и биле чувани во несоодветни услови иако првично биле наменети за сите јавни установи и институции, како и за лекторатите и библиотеките во земјата и во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

